Тешка сообраќајка кај Гостивар: Повеќе лица повредени, сообраќајот се пренасочува

by Fokus

Утрово на автопатот Тетово – Гостивар се случила тешка сообраќајка откако три возила се судриле непосредно кај наплатната рампа пред Гостивар.

Неофицијалните информации говорат дека неколку лица се здобиле со полесни повреди, а сообраќајот кон Гостивар е во прекин, бидејќи се врши увид на страна на увидната екипа на полицијата и заменик јавен обвинител.

Од МВР засега нема подетални информации, се очекува во текот на денот да има повеќе детали за сообраќајната несреќа.

Фото – Охрид Прес

Поврзани новости