Тешка сообраќајка на Партизанска

by Фокус

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа околу 21 часот на булеварот Партизански одреди во близина на „Сити мол“, кај бензинската пумпа „Окта“, во која има и неколкумина повредени лица со тешки телесни повреди.

Како што објави Прес 24, несреќата се случила откако четири возила, од засега непознати причини, во страотен судар и меѓусебен карамбол излетале од коловозот и удриле во банкината од булеварот.

Дел од очевидците изјавиле дека еден од возачите, најверојатно е матурант, удрил друго возило кое се движело во истата насока, по што двете подоцна влетале во други две возила кои во исто време се обраќале во истата насока.