Терористички напад во иранскиот Парламент и во мавзолејот Хомеини

by fokus

Две лица се убиени изутринава во Техеран при напад во иранскот Парламент и во мавзолејот Хоменини, основач на Исламската република Иран.

Во Парламентот вооружени лица отвориле оган и раниле три лица, а безбедноста на институцијата деактивирала бомба, додека во мавзолејот една жена се разнела со експлозив и пет лица биле ранети.

Пратеник за иранската ТВ изјавил дека тројца мажи влегле во Парламентот со пушки и пиштоли.

Шиитскиот Иран му дава воена помош на сирискиот режим и ја поддржува исто така ирачката влада во борбата против џихадистичките групи. Во последните години иранските власт во повеќе наврати тврдеа дека уапсиле терористи кои сакале да го нападнат Техеран.

Поврзани новости