Тепачки, напади и кавги на гласањето во Шуто Оризари

by Фокус 15:28
15:28

Повеќе инциденти и организирано носење гласачи на избирачките места е забележано во населбата Шуто Оризари. „Фокус“ располага со снимка од вербална кавга во Шуто Оризари меѓу еден заменик министер со заменик претседател на политичка партија. На снимката направена пред половина час  јасно се гледа дека функционерот го обвинува заменикот претседател на партијата дека вршел провикации.

Ваквиот развој на настаните следуваше откако еден пратеник во Шуто Оризари го нападнал заменикот претседател на политичката партија кој бил на избирачкото место како набљудувач. Пратеникот, според очевидци, почнал да го тегне за марамата заменик претседателот на партијата и го обвинувал дека врши притисок врз гласачите. Изјавата и идентитетот на заменикот претседател на партијата ќе ја пренесеме по 19 часот, откако ќе заврши гласањето.

- Advertising -

Невладината организација „Цивил“ обвини дека висок претставник од локалната самоуправа во Шуто Оризари се обидел да нападне нивни набљудувач. По обидот за напад, тој продолжил да го навредува и да упатува пцовки кон набљудувачот од „Цивил“.

Телевизијата 24 вести веќе објави снимки од возила кои ги носат гласачите на гласање на избирачките места во Шуто Оризари. Гласачите пред камерите на ТВ 24 вести си признаа дека превозот им бил организиран.

 

Поврзани новости