Тепачка во гимназијата „Јосип Броз Тито“, децата си размениле удари, родителите кривични пријави

by fokus

Двајца средношколци на возраст од 17 и 18 години се степале вчера околу 14.00 часот во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Како што велат од полицијата на тепачката и претходела вербална расправија, по што средношколците си размениле по неколку удари во пределот на главата и телото, со што се здобиле со телесни повреди во вид на модринки и црвенило.

Уште поголем проблем настанал кога се вмешале родителите. Таткото на еден од средношколците добил две кривични пријави.

„Првата од страна на К.А. (18) кој пријавил дека околу 13,30 часот физички бил нападнат од Б.Х. (49) (родител на А.Х.), кој откако видел дека неговиот син А.Х. физички се пресметува, почнал со тупанци да го удира К.А. нанесувајќи му повреди по главата. Втората пријава е од Е.И. (38) која пријавила дека нејзиниот син К.И. (17) кој се обидел да ги раздвои А.Х. и К.А. физички бил нападнат од Б.Х. (49) со неколку удари по главата“, велат од Министерството.

Од таму додаваат дека се составени два записника за констатиран прекршок и дека се работи на расчистување и на овие пријави.

Поврзани новости