Тензично пред зградата на Груевски

by fokus

Протестот на Шарената револуција се пресели пред домот на експремиерот Никола Груевски.

Како што толпата се движеше кон неговата зграда, полицијата брзаше да се распореди и да стигне на местото пред демонстрантите.

Протестот засега е мирен, иако атмосферата е тензична. Граѓаните удираат по лимовите кои се поставени на улицата каде се гради нова зграда, скандирајќи „Шутка не ти бега Никола”.

Инаку, оваа маршута не беше планирана, а следува откако претходно полицијата ги запре шоферите на комбето на Шарената револуција.

Поврзани новости