Тенисерка колабираше заради загадениот воздух во Австралија

by fokus

Словенечката тенисерка Далила Јакуповиќ беше принудена да се откаже од квалификацискиот натпревар на Австралија опен поради проблеми со дишењето предизвикано од загадувањето на воздухот поради пожарите во Австралија.

Јакуповиќ, 117. во светот, водеше со 1:0 и 5:6 во гемови во вториот сет, кога почна да има потешкотии.

Подоцна била принудена да клекне на теренот, па дури и да плаче пред со помош на службените лица да го напушти тернот.

„Имав болка во градите во 9 часот. После 25 минути игра, добив нешто како напад на астма, а јас во принцип ја немам. Го повикав физиотерапевтот и се чувствував подобро. На крајот од вториот сет, повторно го повикав со надеж дека повторно ќе се подобрам. Поените стануваа подолги и не можев да дишам. Јас сум лута и тажна. Повеќе сум тажна затоа што ја имав победата во раце, но не можев да го завршам тоа што беше започнато. Немам астма или проблеми со дишењето поради топлината. Беше многу лошо, не сум доживеала такво нешто. Бев многу исплашена. Се исплашив дека можам да паднам и затоа клекнав на теренот, не можев да направам чекор повеќе, рече 28-годишната Јакуповиќ.

Нејзиното откажување доаѓа само неколку часа откако директорот на турнирот Крег Тили ја бранеше својата одлука да продолжи со квалификациите. Првично тие беа одложени поради загадувањето на воздухот.

Поврзани новости