Телото на планинарот Петков донесено во Гевгелија

by Fokus

Телото на починатиот доктор Георге Петков по дест дена од неговата смрт на Хималаите, денеска беше донесено во Гевгелија, јави дописникот на МИА. Петков почина на 20 мај во обид да го искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, како член на меѓународната експедиција „Еверест 2018“.

Според информацијата од директорот на Гевгелиската општа болница, доктор Митко Крџев, утре во 12 часот ќе биде одржана комеморативна седница во болницата, а погребот по желба на најблиските ќе се изврши утре попладне во 16 часот на гробиштата во неговото родно Стојаково.

Поврзани новости