Телото на Крпач на обдукција, се испитуваат околностите за смртта

by Фокус

Од Јавното обвинителство информираа дека обдукцијата на телото на Коста Крпач, кој вчера беше пронајден мртов во својот стан, е во тек. Се преземаат сите мерки во насока на испитување на околностите во кои настапила смртта, како обработка на фотографии и траги од местото на настанот, вештачење на проектилите и слично.

Истрагата треба да ја потврди или отфрли првичната проценка која ја даде полицијата, а таа беше дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Специјалното јавно обвинителство утринава информираше дека сега починатиот Крпач бил сведок во една предистражна постапка на ова Обвинителство, но и дека имаат докази дека врз него бил вршен притисок.

Поврзани новости