Телохранителот на Груевски и брат на Нинџа предложен за сведок за насилството во Собранието

by fokus

На третото продолжение на судскиот процес за предметот „27 април“, за насилствата во македонското Собрание од 2017 година, што се одржува денеска во Кривичниот суд во Скопје, по едночасовната пауза, одбраната продолжи да ги изнесува воведните зборови.

На обвинителната клупа се 33 лица, пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, од кои 31 одговараат за „ терористичко загрозување на уставниот поредок“, а двајца за помагање.

Оливер Вуксановиќ, бранителот на Александар Василевски-Нинџа, го предложи за сведок Благоја Василевски, лицето кое го обезбедувало поранешниот премиер Никола Груевски.

– Одбраната со предложените докази и со распитот на предложените сведоци ќе го оспори наведеното во обвинителниот акт, констатираше Вуксановиќ.

Поврзани новости