Tелма: Откажан летот кој требало да ги донесе вакцините од Кина, Филипче вели немало таков договор

by fokus

Со авион од Унгарија, имало најава дека вакцините од Кина ќе стигнат на 16-ти февруари на скопскиот аеродром. Датумот го најави и премиерот Заев, но планот е откажан бидејќи вакцините се уште не се подготвени во Кина.

Според информациите на Телма, македонскиот контингент од Пекинг требало заедно да патува до Будимпешта заедно со унгарскиот контингент од 250 илјади дози и црногорската пратка од 150 илјади вакцини. Тие 600 илјади вакцини во Будимпешта би се поделиле за секоја земја посебно. Македонските 200 илјади вакцини и црногорскиот контингент потоа со ист авион на Визер требало да заминат прво за Скопје на 16-ти февруари, а потоа за Подгорица. Но планот и авионскиот вакцина мост е откажан.

Министерот Филипче изјави дека не постои таков договор за таков лет и не може да одговара по шпекулации за непостоечки работи.

 

Поврзани новости