Телевизиски новинар со маска водеше вести: Во Битола не се дише!

by fokus

Во знак на протест поради енормното загадување на воздухот во Битола, презентерот на регионалната телевизија „Орбис”, Методија Куновски вчеравечер вестите ги водеше со маска на лицето.

„Нема воздух за дишење!” – кратко напиша новинарот на социјалните мрежи, на прашањата за мотивот за неговиот потег.

Битолчани веќе седум дена во континуитет дишат воздух далеку позагаден од дозволеното. Официјалните податоци од мерната станица „Битола 1“ лоцирана на периферијата на градот, покажуваат дека концентрацијата на ПМ10 честичките во изминатите денови редовно била 7 до 9 пати над дозволеното.

Најзагадено беше пред два дена, кога била измерена инајвисоката концентрација на канцерогените  честички дури 11 пати над дозволената граница.

Фото: РадиоМоф

Поврзани новости