Телефонски разговори на обвинетите во „Монструм“ ќе се слушаат на наредното рочиште

by fokus

Со презентирање на телефонски разговори и смс пораки кои обвинетите во случајот „Монструм“ ги имале по петкратното убиство, ќе продолжи наредното рочиште закажано за 17 јануари 2019 година во Кривичниот суд. Во овој период обвинетите биле прислушувани со употреба на ПИ-Мерки.

Потоа, на рочиштата кои ќе следуваат, се очекува СЈО да ги презентира новите докази кои ги има во рака за овој случај, по што ќе го прецезираат и обвинителниот акт.

На денешното рочиште, обвинетиот Фејзи Азири ги испрашуваше вештаците од Судска медицина и од МВР, за начинот на кој биле убиени четирите момчиња и рибарот.

На 12 април 2012 година, кај Смиљковското Езеро, беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО.

Поврзани новости