Текстилците се заканија со 5.000 отпуштања

by fokus

Над 5.000 луѓе можат да останат без работа, предупредија денеска работодавачите во текстилната индустрија откако Уставниот суд го укина нормираниот учинок од Законот за минимална плата.

Тие бараат допрецизирање на одредбата, а не целосно укинување.

Текстилниот кластер бара да се врати нормираниот учинок и државата да им плаќа половина од придонесите.

На денешната прес конференција тие се пожалија дека се претвориле во социјални компании и дека земаат кредити за да исплатат плати на работниците.

Поврзани новости