Тејлор Свифт се верила во тајност

by fokus

Пејачката Тејлор Свифт се верила со своето момче, актерот Џо Алвин, со кого е во хармонична врска повеќе од пет години, објави британскиот таблоид The ​​Sun.

Парот наводно решил да ја чува информацијата во тајност.

Според споменатиот весник, Тејлор вереничкиот прстен го носи само зад затворени врати, а за веридбата ги информирале своите најблиски пријатели и семејството.

Тие почнаа да се забавуваат кон крајот на 2016 година, откако се сретнаа на Мет Гала во Њујорк.

-Тејлор и Џо се неверојатно среќни и многу, многу заљубени. Тие се верени веќе неколку месеци, но им кажаа само на најблискиот круг на луѓе – буквално само на семејството и старите пријатели на кои им веруваат. Сите положивме заклетва на тајност, изјавил изворот на весникот.

Поврзани новости