Таткото на починатиот Алмир: И синот го изгубив и обвинет сум за насилство

by Fokus

Семејството на четиригодишното дете од Куманово, Алмир Алиу се сомнева во обвинителката на случајот, Сузана Кусигерска, според нив, се обидува да го промени обвинителниот акт во корист на обвинетиот Бобан Илиќ, објави Алсат-М.

Таткото на починатиот Алмир, Седат Алиу вели дека обвинителката се обидува да го претстави како насилник.

“И синот го загубив и обвинет сум за насилство, а јасно да се гледа во видеото кога го објавија, се гледа дека неговиот брат Бојан Илиќ излезе од автомобилот, откако не прегази, со метална прачка не тепаше мене, брат ми и внукот, сите што бевме таму присутни, тоа полицијата го има запоставено. Додека обвинителката, Сузана Кусигерска според нас, со повлекување на предметот се стави во одбрана на Бојан Илиќ.” – изјави Седат Алиу- татко на жртвата.

На 15 ноември во кумановскиот суд ќе бидат кажани завршните зборови. Убиството на Алмир се случи на 25 јуни минатата година по претходна расправија меѓу обвинетиот и родителот на Алмир.

Поврзани новости