Татко пријавил дека 22-годишен кочанчанец извршил полов напад врз неговата ќерка

by Fokus

Татко пријавил дека 22-годишен кочанчанец извршил полов напад врз неговата ќерка, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 14.00 часот во ПС Кочани, од страна на таткото е пријавено дека врз неговата 14 годишна ќерка е извршен полов напад од страна на 22 годишно лице од кочанско село. Во Медицински центар Кочани бил извршен гинеколошки преглед на 14 годишното девојче , при што било утврдено дека над истата има извршено полов напад.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости