Татко-полицаец од „Пулс“ го извади починатиот син, колегите му го земаа пиштолот да не направи нешто лошо

by Fokus

Во Кочани ништо повеќе нема да биде исто по страшната трагедија кога во дискотеката „Пулс“ загинаа 59 млади луѓе, а градот остана во целосен шок.

Во центарот на Кочани и денеска граѓаните палат свеќи и сите зборуваат за децата кои ги загубија животите.

– Полицаец го загуби своето дете во пожарот и самиот го извади телото од таму. Од страв дека ќе направи нешто лошо, колегите му го одземале пиштолот. Ова е тага која нема зборови – изјавил за српски „Информер“ уличен продавач во Кочани.

Најмладата жртва имаше само 14 години, а повредени се најмалку 150 лица, од кои голем дел се префрлени во болниците во Кочани, Штип и Скопје. Дел од нив биле пренесени и во Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Турција, Австрија.

Поврзани новости