Татко и син се расправале пијани, синот пукал со пушка во таван

by fokus

Седумдесет и седумгодишен тетовчанец пријавил во полиција дека неговиот син го вознемирувал под дејство на алкохол.

Тој во разговор со полицијата кажал дека околу 20,40 часот, додека тој и неговиот син седеле заедно и конзумирале алкохол, во еден момент настанала меѓусебна расправија и тој ја зел својата ловна пушка по што испукал два патрона во таван.

И таткото и синот биле приведени во Полициска станица каде било констатирано дека двајцата биле под дејство на алкохол и истите биле задржани до нивно отрезнување. Со потврда за привремено одземени предмети од С.Г. била одземена ловната пушка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, и се работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости