Татко и син подготвувале убиство на снаата

by fokus

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека поднело кривични пријави против 66-годишниот татко и 41-годишниот син од пробиштипското село Ратавица за кривично дело „поттикнување“ во врска со кривично дело „убиство“.

Таткото и синот подготвувале убиство на сопругата на синот која поради нарушени брачни односи ја напуштила куќата каде живеела со пријавените.

-При крајот на јули годинава пријавените, татко и син, по претходен меѓусебен договор со намера да ја лишат од живот 35-годишната снаа и сопруга, која поради нарушени брачни односи го напуштила домот во кој живеела со пријавените и заминала да живее во Штип. Истите како соизвршители стапиле во контакт со 37-годишниот штипјанец при што со умисла го поттикнале за награда од 10.000 евра да изврши грабнување на сопругата на второпријавениот и да им ја предаде за да ја лишат од живот – се вели во соопштението од полицијата.

 

Поврзани новости