Татко и петгодишна ќерка поврдени во сообраќајка, откако автомобилот излетал од патот

by Fokus

Дваесет и четиригодишен кумановец и неговата петгодишна ќерка биле повредени во сообраќајка, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 15.50 часот  на регионалниот пат Куманово – Свети Николе патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово  излетало од патот. Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради  сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Штип, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости