Тасева: Да се отвори случајот со банкарските трансакции

by fokus

Проблемот со корупцијата ескалира, потребна е организирана и ефикасна активност на сите чинители- велат од „Транспаренси интернешенал Македонија“. Според Тасева, јавните обвинители немаат јасна претстава што е предмет за обвинение, ниту утврдена фактичка пресуда и за мотивите. Апелира да се отвори и случајот со банкарските трансакции.

Според „Транспаренси“, во 2017 добиени се вкупно 131 пријава од 114 различни пријавувачи – 42 отсто завршиле само со правен совет, во 12 отсто од случаите пријавувачите се повлекле пред да се преземе каков било чекор, а во 20 отсто Центарот за застапување и правни совети – АЛАК нашол за потребно самиот да ги контактира институциите со претставка или барање за слободен пристап до информација од јавен карактер.

Резултатот од индексот на перцепција на корупцијата во 2016 бележеше фрапантен пад за 24 места, а Македонија сега го зазема ниското 90-то место од вкупно 176 рангирани држави, се наведува во извештајот.

 

Поврзани новости