„Таргет и Тврдина“ се одложи, на 3 април Мијалков ќе го испрашува сведокот Костовски

by fokus

Денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ се одложи, бидејќи за во 13 часот е закажана јавна седница во Апелација на која ќе се одлучува за притворот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Одложување на рочиштет го побараа адвокатите, а судот го прифати нивното барање.

На денешното рочиште, Мијалков но и останатите обвинети, требаше вкрстено да го испрашуваат сведокот Звонко Костовски, кој заедно со Ѓорѓи Лазаревски ја открија аферата со масовното нелегално прислушување.

Мијалков во судница беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“,  а обвинетиот Тони Јакимовски од затворот во Куманово, каде што е во притвор.

Наредното рочиште е закажано за 3 април.

Поврзани новости