Тарчуловски за скандалозната изјава: Не сум го видел видеото, не можам да коментирам

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски одби да ја коментира скандалозната изјава дадена на средба со граѓани, дека ќе им гради инфраструктура само на оние кои го гласале. На прашањето на „Фокус“ дали смета дека вака треба да функционира демократијата, тој рече дека го немал видено видеото и не може да каже.

-Го немам видено тоа видео, не можам да кажам. Да го видам прво. Вака вие ми го раскажувате, ама јас го немам видено, рече Тарчуловски како да не се сеќава што има зборувано на средбите со граѓаните, а што не.

Потоа, го замоливме да го погледне видеото и да се слушнеме повторно, на што тој се согласи. Но, по тој разговор, Тарчуловски повеќе не одговараше на нашите повици. На последниот обид, ни го одби повикот. Потоа, му испративме и СМС порака, на која се уште нема одговорено.

На средба со граѓани во Кисела Вода, Тарчуловски им ветува дека општината ќе инвестира прво онаму од каде што ќе добие најголема поддршка. Тој што ќе донесе најмногу гласови, вели Тарчуловски, на тој ќе му се гради.

К.С.

Поврзани новости