Тарчуловски: Не се предаваме, јако до крај за ВМРО, за лавот наш гордо да се вее

by Fokus

Официјално денеска беше соопштено дека битката за градоначалник во скопската општина Кисела Вода продолжува во втор круг, откако првиот изборен круг заврши со предност од 1.500 гласови за кандидатот за градоначалник на СДСМ, Филип Темелковски наспроти неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски.

Тарчуловски се огласи на својот фејсбук профил, истакнувајќи дека нема да се предадат.

– Кога било најтешко сме биле најјаки,кога се губело со инает и непокор сме се враќале од многу битки. Но, едно нешто не сме направиле. Никогаш ама баш никогаш не сме се ПРЕДАЛЕ. Борбата за наша Кисела Вода започнува, јако до крај за ВМРО-ДПМНЕ за ЛАВОТ наш гордо да се вее. Ќе победиме браќа! – напиша кандидатот од ДПМНЕ.

Поврзани новости