Тарчуловски: Имаме незадоволни членови, но не можам да влијаам на сите токови во партијата

by fokus

Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, во вечерашната дебата на Канал 5 рече дека тој предупредувал за незадоволните членови на партијата, но не можел да влијае на се.

-Имаме незадоволство во партијата. Во последните години има незадоволство кај дел од членовите и јас за тоа зборував подолго време. Но, не можам јас да влијаам на сите токови во партијата. Прво треба да се почитуваат најлојалните, старите членови, а не оние кои дошле во партијата за да напредуваат во кариерата. Па сите тие сега преминаа во СДСМ, рече Тарчуловски.

Поврзани новости