Таравари за „Фокус“: Ако не станам градоначалник, нема да имам никаков партиски кредибилитет да бидам министер за здравство

by Fokus

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека не би сакал да замине од министерската позиција, но мора да го направи тоа поради партијата. Тој во изјава за „Фокус“ тврди дека на локалните избори ќе настапат сами, бидејќи не успеале да се договорат со ДПА и Беса.

– Јас не би сакал да ја напуштам министерската позиција, сметам дека многу повеќе би придонел во здравството, но немам избор. Да имавме соработка со помалите партии ќе беше подруго. Меѓутоа, ако ги изгубам локалните избори, сметам дека нема да имам никаков партиски кредибилитет понатаму да бидам министер. До вчера не ми ни паѓаше на памет да се откажам од функцијата министер за здравство – тврди Таравари.

И.М.

 

Поврзани новости