Таравари: Во Гостивар требаше да има 5-6 пати повеќе тестирани, потребни се брзи тестови

by Фокус

Да имав ингеренции во Здравствен дом во Гостивар денеска ќе имаше многу повеќе тестирани, можеби пет-шест пати повеќе, рече гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари во видео обраќањето во емисијата Топ тема на Телма.

-Треба да бидат направени поголем број брзи тестови, имајќи предвид дека тие чинат не повеќе од 10 евра, а резултатите се добиваат за 30 минути до еден час – истакна Таравари.

Според него, во Гостивар со 100 илјади граѓани реално треба да се направат миниум 1.000 тестови за да има објективна бројка колку има заразени граѓани.

Поврзани новости