Таравари: Треба масовно тестирање, во наредните две недели ќе има огромен број на компликации

by Fokus

Во Северна Република Македонија малку граѓани се тестирани, и сега сме во фаза кога треба на големо да се тестираат што повеќе луѓе, вели во изјава за „Фокус“, поранешниот министер за здравство Арбен Таравари.

„Министерството за здравство треба што побргу да ги снабдат институтите за јавно здравство со брзи тестови, и масовно да се тестираат сите што сакаат или за сите што постојат минимални сомнежи, како би откриле што поголем број на заразени, се со цел да не ни се јавуваат неочекувани компликации, и да бидеме подготвени да ги третираме сите случаеви правовремено. Здравствениот систем ни е тотално централизизиран, сите зависат од Скопје, за жал. Следните 2 недели ќе имаме огромен број на компликации, и посакувам што помалку од нив да имаат потреба за респиратори – истакна Таравари.

Тој додава дека се надева деке нема многу заразени здравствени работници оти тоа би можело да го ризикува функционирањето на системот и да причинува колапс на истиот.

„Ако се придржуваме на препораките т.е. остануваме повеќе дома, се придржуваме за лична и колективна хигиена, одржуваме физичка и социјална дистанца, ќе ја поминеме наскоро оваа криза. И набргу ќе ги намалуваме рестрикциите и јас се надевам максимум за 2-3 месеци ќе се вратиме на нормалниот живот. Многу зависи од сите нас, посебно следните 2-3 недели – тврди доктор Таравари.

И.М.

Поврзани новости