Таравари: Свесни сме дека овој потег е политичка камиказа

by fokus

Министерот за здравсто, Арбен Таравари во вечерашното гостување на Топ Тема рече дека тој и неговата партија се свесни дека неговата кандидатура за градоначалник на Гостивар и напуштањето на министерското место по само три месеци е политичка камиказа.

-Меѓутоа, граѓаните и партијата во Гостивар ме бараат да се кандидирам за градоналник. Каков кредибилитет ќе имаме како партија да бидеме во власта, а да не освоиме ниту едно градоналничко место, рече Таравари.

Од останатите гости во емисијата Таравари доби критики за оваа негова одлука и со најголем дел од нив се согласи.

Поврзани новости