Таравари: Ние сме веќе во втор бран и ова е жалосно!

by Fokus

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ смета дека проблемот со ширењето на корона вирусот во земјава е сериозен.

Тој додаде дека надлежните институции треба заеднички да најдат конструктивно решение.

„Ние сме веќе во втор бран. Ако ги анализирате бројките сите држави во регионот заедно имаат помал број на инфицирани отколку кај нас. Исто е и со морталитетот. Состојбата е многу загрижувачка и многу сериозно треба да му се пријде на проблемот и да се остават сите партиски обојувања. Во Владата имаме комплетен раздор, како да не е Влада, министерствата како да се како канцеларии на одредени политички партии. И ова e жалосно“, вели Таравари

Поврзани новости