Таравари: Немам желба, но ќе прифатам кандидатура

by fokus

Алијанса на Албанците интензивно работи на терен во пресрет на претстојните локални избори, истакна генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари, кој е градоначалник на Гостивар.

-Претседателот Села кажа дека тој би посакал повторно да продолжат тие три градоначалници. Меѓутоа, повторно ви велам, бидејќи се работи за сериозна партија, тоа го одлучуваат собранијата на ограниците, тие кандидираат и тие избираат кој ќе биде. Меѓутоа, барем во Централното претседателство разговаравме, бидејќи се работи за три општини, кадешто ако ги гледате анкетите, како стои АА, па и резултатите од парламентарните избори во 2020 година, доминираме апсолутно. Се надевам дека повторно ќе ни се даде мандат на нас, кои раководиме со три општини. Меѓутоа, дефинитивно тоа го одлучува Собранието на огранокот во одредена општина, конктретно во Гостивар, Боговиње и Врапчиште – рече Таравари на Сител.

Тој додаде дека би прифатил повторно да биде кандидат за градоначалник на Гостивар, иако, како што рече, нема голема желба да продолжи.

Поврзани новости