Таравари: Нека трчаат по вакцини, а не да се воведува полициски час!

by Fokus

Снабдување на вакцини е многу поважно од воведување на полициски час, која одлука е многу парадоксална, истакна денеска градоначалникот на Гостивар, Арбен Травари во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

Според него, нашите здравствени власти не треба да се споредуваат со останатите држави, па според нив, да воведуваат рестрикции.

„Продолжува истата приказна. Ние копираме што ќе направат соседите. Не се повикуваме на нашите бројки, туку гледаме што прават во Србија. Никогаш немаат правовремени одлуки, кога се работи за бројките во Македонија. Ова се парадоксални рестрикции. Не соодветствуваат со состојбата. Каква логика имаат рестрикциите. Наместо да донесеме што повеќе вакцини, ние се занимаваме со што повеќе мерки. Не ја гледам логиката што ќе постигнат со полициски час. Нека трчаат по вакцини, а полициски час нема логика“, истакна Таравари.

Поврзани новости