Таравари: Наскоро ќе има нови директори, бараме најдобри решенија

by fokus

„Наскоро ќе има нови директори, расмислуваме и секогаш мислиме за најдобри решенија, затоа и не брзаме. Здравството треба полека да изнаоѓа луѓе кои знаат и умеат убаво да управуваат со здравствените институции“, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Во врска со тоа до каде е постапката со гинекологот во Шуто Оризари, рече дека гинекологот е најден, веќе е нострифицирана дипломата, има земено лиценца за работа од Лекарската комора и во тек е процедура за регистрација на приватна здравствена установа или консеционерство.

„Се надевам за неколку недели ќе завршат процедурите“, додаде Таравари.

Поврзани новости