Таравари: Луѓе на ДУИ денеска нападнаа двајца професори во Гостивар

by fokus

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во изјава за Фокус вели дека денеска двајца професори во Гостивар биле нападнати од членови на ДУИ.

Едниот од професорите бил тешко повреден и е задржан на неврохирургија со потрес на мозок. Другиот е пуштен дома.

Претходно, во вечерашното гостување на телевизија Телма, Таравари рече дека министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски често бил на приватни прослави на фунцкционери на ДУИ во Гостивар, и се надева дека ќе преземе мерки овој случај да биде расветлен.

Поврзани новости