Таравари: Ќе се укинат економските директори на клиниките

by Fokus

Новиот министер за здравство Арбен Таравари од денеска и официјално ја презеде министерската функција, па прва точка на дневен ред ќе бидат промени во проектот „Мој термин“.

– Јас сум за промени во „Мој термин“, а веќе утре ќе имам состанок со претставниците на „Мој термин“. Учинокот ќе остане, а нема да има негативен учинок. Платата ќе си биде 100 проценти, а ќе има и наградени доктори, односно тие што ќе бидат најуспешни – најави Таравари.

Според него, средства треба да се обезбедат од парите од вторите директори на клиниките за кои, како што рече, тие места треба да се укинат и средствата да се пренаменат за неколку успешни лекари во болниците.

Поврзани новости