Таравари ќе се судри со Бејта во Гостивар

by fokus

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, потврди дека ќе биде кандидат за уште еден мандат како градоначалник на Гостивар.

-Отворено кажувам дека Арбен е кандидат, но мора да ги почитуваме партиските процедури при кандидирање, а имаме и обврски за усогласување со коалицискиот партнер. Очекувам викендов од ДУИ да го објават нивниот кандидат – рече Таравари за МИА.

Тој посочи дека неговите информации укажуваат дека противкандидат од ДУИ ќе му биде поранешниот градоначалник Невзат Бејта.

Поврзани новости