Таравари ќе ги посети повредените кои се лекуваат во Солун

by Fokus

Министерот за здравство, Арбен Таравари утрово ќе ги посети повредените во пожарот во Кочани, кои се хоспитализирани во две болници во Солун.

Ќе го придружуваат заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас надлежен за областите Македонија и Тракија и заменик-шефот на грчката дипломатија Тасос Хаѕивасилиу.

Министерот Јулекас говорејќи утрово за грчката телевизија „Опен“ рече дека заедно со Таравари ќе ги посетат повредените со изгореници кои се лекуваат во болницата Папаниколау и во воената болница 424 во Солун и „заедно со министерот за здравство ќе биде и заменик министерот за надворешни работи на Хаѕивасилиу“.

Во болницата Папаниколау во Солун се хоспитализирани три лица, а во солунската воена болница 424 други двајца повредени, сите со тешки изгореници.

Доцна синоќа, со авион Ц-130 на грчкото воено воздухопловство од Скопје во Атина беа префрлени тројца повредени во пожарот во Кочани и се хоспитализирани во атинската воена болница 401 на Одделот за повредени со изгореници.

Поврзани новости