Таравари ја слави победата во Гостивар: Во прв круг поминуваме со 16.000 гласови

by Fokus

Во Гостивар започна прославата за победата на АА-Алтернатива и на Арбен Таравари.

-Со 55 проценти од гласовите односно 16.000 гласови поминавме во прв круг, само да не направи ДУИ некаков проблем, иако целиот државен апарат со возила со уцени беше во Гостивар, ама сепак чесниот народ ги победи влаканите луѓе и бандите. Имаше тотална поддршка и од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ но ние победивме кај сите етникуми во градот. Од утре продолжуваме со проектите, изјави Таравари.

Од пребројани досега 882 гласови во водство е Арбен Таравари со 455 наспроти Невзат Бејта од ДУИ кој освоил 383 гласови. И Таравари и Бејта со своите сопартици ги чекат резултатите и од другите избирачки места. Таравари е убеден во неговата победа.

Во гостиварско со мали технички проблеми и со неколку забелешки за изборниот процес од опозициската коалиција на Албанците, АА-Алтернатива заврши изборниот ден.

И според првичните информации на ДИК води Таравари со 112 гласа, наспроти Бејта со 83.

Поврзани новости