Таравари: Иванов е војник на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus 16:52
16:52

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари, откако стапи на функцијата најпрвин ја посети Тетовската клиника. Тој рече дека оваа посета не е случајна, туку бидејќи токму на оваа клиника и се најнеопходни инвестиции.

Од Тетово, Таравари упати критики до неговиот претходник, Никола Тодоров, за неговата работа како и системот кој го имплементирал во здравството.

- Advertisements -

На првата официјална посета, Таравари вети промени в здравството и регулирање на односот лекар-пациент. Новиот министер за Здравство не ја исклучи можноста за промена на директори на болниците. Тој рече дека овие промени ќе се реализираат во период од 4 до 5 месеци, и дека за таа цел ќе се формира посебна комисија.

Таравари вчера не го посети претседателот Ѓорге Иванов, како што сторија речиси сите останати министри. Тој рече дека и понатаму ќе продолжи да го игнорира претседателот Иванов, обвинувајќи го за насилството во Собрание на 27 Април. Таравари отиде и чекор понатаму, велејќи дека Иванов е војник на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости