Таравари и Муцунски во посета на повредените во Солун: Сите пациенти се во стабилна состојба

by Fokus

Министерот за здравство Арбен Таравари и за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утринава беа во на посета на повредените од пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во болницата „Папаниколау“ и Воената болница во Солун.

Во болницата „Папаниколау“се хоспитализирани три лица, а во Воената болница во Солун други двајца повредени, сите со тешки изгореници. Сите петмина пациенти, како што објави Таравари, се во стабилна состојба.

„Им благодарам на нашите колеги во Солун, грчкиот народ и владата за нивната посветеност и помош! Ќе ве информирам за другите пациенти!“,
напиша Таравари во објава на Фејсбук.

Поврзани новости