Таравари го разреши директорот на кумановската болница

by Fokus

Разрешен е директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски, изјави министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој рече дека ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и во министерството констатирале дека има предуслови директорот да биде разрешен.

Министерот Таравари денеска го посетил семејството на младиот кумановец кој почина вчера во Кумановската општа болница по примање терапија. Утре, како што најави, ќе биде назначен нов директор на болницата.

„ Бев во семејството да изразам сочувство на починатиот 32-годишен Ведат Адеми пред да дојдам тука. Го прочитав извештајот што беше подготвен од државниот републички санитарен инспекторат и во него може да се констатира многу лесно дека веќе има предуслови да речам за да се разреши директорот на Општата болница во Куманово. И веќе директорот е разрешен од таа позиција. Се надевам дека утре по консултации со колегите во министерството ќе назначиме нов директор на Општа болница во Куманово, изјави Таравари.

Тој додаде дека професионален тим од Министерството за здравство детално ќе ја разгледа целата документација која потоа ќе биде предадена на обвинителството. Таравари кажа дека сите кои водат институции и лекарите треба да одговараат ако има некакви пропусти.

Поврзани новости