Таравари еднаш неделно ќе пие утринско кафе со директорите на клиниките

by Fokus

Министерот за здравство Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Гоце Чакаровски денеска имаа работна средба со колегите од Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, со кои го испија првото утринско кафе и разговараа за тековната работа на клиниката и за идните планови, соопшти Министерството за здравство.

Од таму најавија дека ова ќе биде практика на министерот, заедно со заменик-министерот еднаш неделно да посетуваат по една од клиниките и да разговараат со раководството и со вработените во универзитетските клиники.

Поврзани новости