Таравари замолува да не се политизира трагедијата во Гостивар: Во исти околности изгубив член на потесното семејство

by fokus 12:02
12:02

Готивар се уште е во шок од смртта на 17-годишното девојче од село Здуње, кое синоќа се удави во Вардар, бегајќи од кучиња скитници.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари изрази сочуство до семејството, порачувајќи дека со сите сили ќе продолжи акцијата за решавање на ваквиот проблем, кој овојпат имаше смртни последици.

- Advertisements -

„Почитувани граѓани на Гостивар,
Со длабока тага ја примив веста дека Џејха Меџити, младо девојчеод село Здуње, починала вчера давејќи се во водите на реката Вардар.
Ваков трагичен настан не е туѓ за мене, бидејќи во исти околности изгубив член од моето потесно семејството.
Знам како се чувствува семејството на девојчето кое веќе не е меѓу нас!
Кога ја примив веста за давењето на Џехја, многу ме натажи случајот но и ме врати во траумите на моето семејство.
Девојчето, велат дека се удавило обидувајќи се да се спаси од куче скитник.
Иако случајот сеуште нема службена верзија, наклонет сум да му верувам. Гостиварци не измислуваат политички напади до овој степен.
Чувствувам целосна одговорност како градоначалник да објаснам дека во нашиот мандат, наследивме трло од 400 кучиња кои моѓевме да ги изброиме само во Гостивар, а нивниот реален број сигурно бил многу поголем.
Сме собирале колку што сме можеле надминувајќи ги и можностите за згрижување, сме оперирале 50 од нив и сме ваксинирале 100. Јас му се придружив на ветеринарната екипа за да им помогнам во нивната огромна работа што ја имаме пред нас.
Изразувајќи им најискрени сочувства на семејството на девојчето, како брат кој по вторпат ја изгуби својата сестра, би замолил да не влегуваат во политички драми оние кои воопшто не ги засега болката на семејството или на оние кои биле погодени со вакви несреќи!
Ве молиме оставете ја екипата да работи без притисоци за згрижување на кучињата и да не измислуваме драматично-политички приказни.
Не сум навикнат да не сносам одговорност, но математички нашата екипа го правеше и го прави невозможното за да се стабилизира состојбата каде што затекнавме 1 куче на метар квадратен!
Ако се откажеме, покажуваме 0 одговорност, ако продолжиме да ја водиме битката со кучињата, значи имаме сила и дигнитет.
Ценета Џехја, почивај во мир!
Трагедија која силно ја доживувам …
Битката ни зеде еден Ангел, но го разбуди 1000 пати повеќе мотивот за да продолжи нашата акција за решавање на проблемот со бездомните кучиња!“, напиша Таравари на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости