Таравари: Ако не станам градоначалник, се враќам на лекарската професија

by fokus

Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам во политиката. Ако не ми дадат гласови и мислат дека не треба да продолжам во политиката, јас си имам златен занает, вели министерот за здравство во заминување Арбен Таравари во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Тој вели дека неговиот наследник ќе ги продолжи реформите кој тој ги започна.

Нема да стигнам да ги видам првите резултати од тримесечното работење на директорите, меѓутоа јас мислам дека во Министерството ќе има континуитет и за тоа гарантирам, и во здравствените политики и во идеите што јас ги почнав во првите 100 дена, така што, кој било да е мој наследник, јас се надевам дека тој ќе продолжи по истиот пат, ќе се трасираат и ќе се очекуваат истите резултати коишто јас ги почнав во првите 100 дена, така што граѓаните нема да почувствуваат дека има некаква промена, само личноста ќе биде друга, вели министерпт Таравари.

Тој појаснува и зошто се прдомислил и прифатил да влезе во трката за градоначалник, бидејќи пред еден месец изјави дека нема да се кандидира.

-Ние дури и промовиравме друг кандидат чиешто име веќе се знаеше во јавноста во Гостивар и до последен момент, односно до неделата беше тоа име. Во меѓувреме ние преговаравме со одредени други албански партии за како партија да имаме неколку градоначалнички места. Бидејќи сме релативно нова партија, јас сум претставник во ова министерство на таа партија и ако нашата партија не добие ниедно градоначалничко место, каков кредибилитет би имал Арбен Таравари како министер од Алијансата на Албанците да продолжи во владата и каква тежина ќе има. Ние направивме проценки според одредени сондажи, одредени анкети за рејтинг и видовме дека доколку не направиме соработка со ниедна друга партија, единствениот којшто е над господинот Бејта сум јас. Мислам дека оваа одлука е релативно добра, затоа што ако гледаме долгорочно, нам како партија ни е многу битно на овие избори да пораснеме како партија, да не останеме на 36 илјади гласови, туку да одиме, нашите тенденции се за над 50 илјади гласови. Дали ќе ми веруваат граѓаните на Гостивар, јас имам 45 години и таму живеам 45 години. Секое семејство ќе каже дека се чесни, меѓутоа моето е меѓу подобрите семејства во Гостивар. На крајот на краиштата, јас никогаш не сум излегол во Гостивар да барам гласови. Сега е моментот да видам колку тежам и вредам во мојот град. Ако тие ми веруваат и ми дадат гласови, ќе знам дека вредам во политиката. Ако не ми дадат гласови и мислат дека не треба да продолжам во политиката, јас си имам златен занает, невролог, релативно добар, не најдобар, ќе си ја продолжам мојата работа, ќе си го продолжам животот со семејството, на кое му недостигам во последните месеци, па и години откако сум во политиката, вели Таравари.

 

 

Поврзани новости