Танчерки од Србија и дрога затекнаа полицајците при синоќешната акција во Гостивар и Тетово

by fokus

Во синоќешната акција на МВР и УЈП во кафулиња и дискотеки низ Гостивар, Тетово, Прилеп и Велес, а во која учествуваа стотина полицајци, биле утврдени низа нерегуларности поради што биле приведени 23 лица, а забрана за работа добија 19 објекти.

Покрај тоа што дел од кафулињата и дискотеките не издавале фискални сметки, а во дел и се пушело, полицијата била сведок и на поголеми прекршувања на законот односно пронашле дрога, а затекле и танчерки, повеќето странски државјанки, без пријавен престој во државата.

-За време на спроведувањето на акциската контрола приведени се вкупно 26 лица, од кои 16 македонски државјани (поради поседување на наркотична дрога и непоседување на документи за лична идентификација) и десет странски државјанки (девет државјанки на Република Србија и една на Република Црна Гора) поради злоупотреба на туристички престој во Република Македонија и нерегулиран престој во Република Македонија. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, рече денеска Лазо Велковски, директор на Бирото за јавна безбедност.

Тој додаде дека од извршениот преглед на лица гости во објектите кај повеќе лица се пронајдени паковки со прашкаста материјаТие се приведени во ПС Тетово и ПС Гостивар. 

Поврзани новости