Тамара ќе пее на јубилејните концерти на „Индекси“!

by Fokus

Поп пејачката Тамара Тодевска е најавена помеѓу музичките гости кои ќе пеат на јубилејните концерти на култната група „Индекси“.

Бендот кој беше еден од најпознатите во поранешна Југославија ќе слави јубилеј, 60 години на сцената и веќе се најавени пет концерти во регионалните центри. На 23-ти октомври во Љубљана, на 24-ти во Загреб, на 25-ти во Сараево, на 27-ми во Белград и на 28-ми во Скопје, во концертната сала на Филхармонијата.

Креатор на проектот е Томислав Кашљевиќ, кој веќе организирал 24 концерти на кои повеќе музичари придружувани од членови на „Индекси“ ги изведуваат хитовите на групата. Покрај Тамара, ќе пеат и Дадо Топиќ, Нено Белан, Ален Мустафиќ, Нермин Пушкар, Зоран Предин и други.

Вики Клинчарова

Поврзани новости