Талир“ на СЈО: И луксузните вечери на ВМРО-ДПМНЕ дел од обвинението

by fokus

Се јадело скапо и квалитетно, а се плаќало со донациите кои што СЈО ги спори како такви, овој заклучок може да се изведе од мениата кои ги придрижуваат фактурите на партијата ВМРО-ДПМНЕ доставени во Судот во предметот „Талир“ за нелегално финансирање, објави НОВАТВ.

НОВАТВ од судски извори добила дел од фактурите и мениата за угостителските услуги коишто ги плаќале ВМРО-ДПМНЕ. Од доставените плаќања може да се заклучи дека партиските функционери најмногу сакале да се гоштеваат во, според многумина, елитниот скопски ресторан „Воденица“.

Во последните пет години партијата секоја година за својот роденден налето нарачувала кетеринг од „Воденица“. Од плаќањата може да се види дека секоја година се плаќала иста сума за тој кетерегинг – 10,000 евра.

Поврзани новости