Талески останува во куќен притвор уште 30 дена

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Талески осомничен во случајот “Транспортер” по барањe на Специјалното обвинителство, останува во притвор дополнителни 30 дена, соопшти Кривичниот суд.

“Надзорот над мерката куќен притвор ја спроведува МВР на РМ, СВР Битола, а доколку осомничениот не се придржува кон мерката куќен притвор против истиот ќе се определи мерка притвор”, се вели во соопштението од Судот.

Според обвинителката Фатиме Фетаи која случајот го презентираше во април оваа година, битолскиот градоначалник и уште 22 лица се сомничат за злоупотреба на Буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.

Талески вчера за првпат се појави на распит во СЈО каде беше задржан два и пол часа, по што зјави дека случајот што се води против него е наметната политичка хајка врз основа на само еден снимен разговор.

Поврзани новости