Талески: Опозицијата вети дека нема да повика на бојкот на референдумот

by Фокус

На лидерските средби договорено е опозицијата да не го бојкотира референдумот и да не повикува на активен или пасивен бојкот, вели за Канал 5 Дане Талески, советник на премиерот Зоран Заев за надворешна политика.

-Прилично е политички дилетантски во една ваква ситуација да се нема став или да се калкулира и да се чека од денес за утре. Опозицијата има апсолутна обврска да работи во интерес на граѓаните и државата. Тие имаат обврска да се натпреваруваат со политичките конкуренти, но не и да ја поткипуваат перспективата на граѓаните и државата – рече Талески.

 

Поврзани новости